Владата планира да го направи „Еурокомпозит“ добро претпријатие и во наредниот период ќе се обиде да го направи тоа. Вработените ќе ги добијат заостантите плати, изјави вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска по средбата со бизнисмените во Стопанската комора.
-Во наредните 5 до 6 месеци квалитетно ќе биде решен проблемот.Вработените во овоие месеци ќе ги добијат платите – рече Анѓушев.
Тој потсети дека ова државно претпријатие има проблеми веќе 15 години и никој не се обивел да го реши проблемот квалитетно, туку се покривале само одредени проблеми.