Штипските терени за лов на прелетен дивеч се примамливи за ловџии од Италија, Франција и Германија. Тие викендов во атарите на селата Врсаково, Судиќ и Трогерци ќе ловат прелетен дивеч.
Николче Малинов од штипското Ловно здружение „Ловец“ вели дека оваа година е една од подобрите за ловниот туризам.
– Ние како здружение сме задоволни од оваа година. Веќе имавме странци од Италија, претежно за отстрел на грлици. Интересно е што во Македонија оваа година, само во нашиот регион ја има грлицата, така имаме поголемо присуство на странци од вообичаено – рече Малинов.
Според него, интересот на ловџиите засега е задоволителен бидејќи секојдневно се издаваат дозволи за лов, а се ловат грлици, див гулаб и препелица. Ловната сезона за крупен дивеч ќе почне на први октомври со што ќе може да се лови дива свиња, волк и лисица.
Фото: EPA/ALTAF QADRI