Здружението на граѓани Театроск на Зигет фестивалот, кој се оддржа во Будимпешта со својот акт „Контрабас“ го освои првото место од гласањето на публиката на интернационалниот натпревар за живи статуи кој беше дел од фестивалот.
Со освојувањто на оваа награда, се пласиравме директно во светското првенство за живи статуи за 2019 година кое се оддржува во Архем, Холандија. Фестивалот Зигет е најголемиот музички фестивал во Европа.
Здружението Театроск од Скопје е единствено здружение во Македонија кое се занимава со пантомима и живи статуи. Исто така долги години ја претставуваме Македонија на најреномираните интернационални улични уметнички фестивали ширум Европа.