Визната либерализација за Косово на дневен ред на Комитетот ЛИБЕ на ЕП на 29 август

Министерката Хоџа побарала забрзување на процесот на либерализацијата.

53

Комитетот за граѓански права, правда и внатрешни работи (ЛИБЕ) на Европскиот парламент ќе ја разгледува визната либерализација за Косово на 29. август, јави дописникот на МИА од Приштина.

Министерството за евроинтеграции на Косово соопшти дека информацијата вчера, во телефонски разговор, на министерката Дурата Хоџа и ја пренел известувачот за Косово во ЕП, Игор Шолтес, кој истакна дека е оптимист оти „Косово ќе добие зелено светло за да продолжи понатаму“ и изразил целосна поддршка за забрзување на процесот за либерализација за косовските граѓани.

Министерката Хоџа го информира европратеникот дека Косово ги продолжува реформите за имплементација на Спогодбата за стабилизација и асоцијација и побарала забрзување на процесот на либерализацијата.

Хоџа, се наведува во соопштението, нагласила дека на граѓаните на Косово им е јасно дека се на чекор од либерализацијата и со нетрпение очекуваат да им се овозможи да се движат слободно.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...