Српскиот претседател Александар Вучиќ, коментирајќи ги на РТС изјавите на германската канцеларка Ангела Меркел и на САД за идеите за разграничување, истакна дека Германија и САД веќе ја разграничиле Србија и дека се против менување на границите.
– Тие веќе не разграничија, сите тоа го имаат направено. И Америка, и Германија, Англија, Франција, Италија, Австралија, Канада… сите тие се Косово да е независно и целосно. Кога велат дека се против разграничувањето, тоа значи дека се против промена на границите кои ги имаат воспоставено на наша штета. Луѓето тоа мора да го разберат…. а мене ме напаѓаат во оваа земја, поради тоа што не ги прифаќам таквите граници – истакна Вучиќ.
Тој посочи дека нема да говори за конкретните решенија за Косово, бидејќи нив сеуште ги нема, но додаде дека Србија праќа три основни цели – зачувување на мирот, заштита на државните интереси и на територијата, што според него е најтешко и третата цел е заштитата на правата и безбедноста на српскиот народ на Косово.
Запрашан за значењето на територијата на северно Косово, Вучиќ одговори дека станува збор за 1.000 квадратни километри и стратешкото значење, бидејќи тука живеат 43.000 лица, додавајќи дека тука е и „Копаоник кој пола и припаѓа на Косово, Газиводе, Бањска, Соколица… Трепча, Грачаница“…
Тој посочи дека „дефиниција на државата е нејзината територија, населението, војската и полицијата, а ние само во одделни делови на Косово имаме население и ништо друго, бидејќи имаме дефинирана територија од страна на западните сили.“
Вучиќ најавувајќи ја својата посета на Косово на 9 септември, порача дека со сите предлози ќе излезе пред граѓаните и ќе каже што успеaл да направи, додолку дојде до договор, за што изрази голем сомнеж.
ФОТО: Твитер СНС