Турција пред инвеститорите: Ќе излеземе од „курсните осцилации“

Албајрак на инвеститорите им рекол дека турските банки се „здрави и јаки“ и дека приоритет ќе остане борба против инфлација, удвојување на структурните реформи и со тоа монетарната политика.

165

Министерот за финансии на Турција Берат Албајрак им изјави денеска на меѓународните инвеститори на телеконференцијата дека Турција ќе излезе од „курсните осцилации“ посилна отколку кога било.

Албајрак денеска на телеконферецијата разговараше со неколку илјади инвеститори, за да ги извести за моменталната состојба на турската економија.

Албајрак на инвеститорите им рекол дека турските банки се „здрави и јаки“ и дека приоритет ќе остане борба против инфлација, удвојување на структурните реформи и со тоа монетарната политика.

Меѓународните инвеститори се загрижени поради големиот надворешен долг на Турција и одлуката на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на централната банка да не и дозволи да ги зголеми каматите во цел поддршка на валутата, што стручните лица го сметаат за неопходно.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...