Од ноќеска на полноќ цената на „еуросупер БС – 98“ и на дизелот се зголемува, а „еуросупер БС-95“ ќе се продава по стара цена, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
„Еуросупер БС-98“ поскапува за половина денар и новата цена ќе биде 67,50 денари за литар, додека дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за еден денар. Новата цена на дизелот ќе изнесува 58 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 46,50 денари за литар.
„Еуросупер БС-95“ и понатаму ќе се продава по цена од 65,50 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,253 денари за килограм со што новата цена ќе изнесува 28,109 денари за килограм.