Сопругот на Елена Велевска со своја приказна за разводот

3304

Фолк пејачката Елена Велевска вчеравечер на социјалните мрежи откри дека информациите дека се разведува од сопругот Марјан се вистинити.

Таа преку статус потврди дека покренала бракоразводна парница откако неколку години трпела семејно насилство кое станало неподносливо.

Но, бидејќи приказната има две страни, редакцијата на Вистина.мк разговараше со Марјан Мирчески кој во телефонски разговор откри дека исказите на Елена се лага, и дека тие сѐ уште живеат под ист кров.

  • Мислам дека самите треба да процените какви комплименти даваше таа претходно за мене, дека јас сум најдобар родител, дека ја разбирам, дека во нејзината професија ретко кој разбира и одеднаш сум станал сега семеен насилник, а семејно насилство е кривично дело. Јас не знам како тоа досега не беше така. Се е тоа лага. Знам дека е покрената бракоразводна парница, немам добиено документи, но бев известен од адвокатот на 27-ми јули. – рече Мирчевски.

Инаку, Елена Велевска и Марјан Мирчески се во брак од 2008 година и имаат три деца.

Марјан пак, од бракот со првата сопруга има возрасни ќерка и син кои живеат во Австралија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...