Комерцијална банка доби награда од „Сити банк“ за меѓународни плаќања

244
20150911 Friday 1035 komercijalna banka

Комерцијална банка АД Скопје како признание за брзината и квалитетот на меѓународните плаќања во долари е добитник на Best Performance STP Excellence award од Citi Bank.

Комерцијална банка соопшти дека високиот степен на директна обработка на меѓународните плаќања значајно влијае на заштедата на време и трошоци, што и дава конкурентска предност на Банката.

„Оваа награда претставува уште еден поттик за вработените и потврда за коминтентите дека Комерцијална банка АД Скопје и во меѓународни рамки останува најреномирана банка во Република Македонија, која се истакнува со својот исклучителен квалитет во извршувањето на меѓународните плаќања“, наведуваат од Комерцијална банка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...