Познатата српска пејачка Милица Тодоровиќ овие летни денови ги посветува на своите настапи, а фактот дека е повеќе од посветена на својата работа покажува и тоа што отишла на црногорското крајбрежје за да ја исполни желбата на нејзината верна публика, а веќе следниот ден да продолжи со своите работни патувања.
Екипата на „Премиера“ ја прашала Милица како нејзините чести патувања влијаат на неа и на нејзината посилна половина, на што убавата пејачка одговорила дека нејзиното момче останало дома и дека има разбирање за нејзината работа.
Имајќи предвид дека нудистичката плажа веќе не е табу тема, Милица отворено зборувала за нејзиниот авантуристички дух и за искуствата од претходните летувања.
– Нудист… Само до половина. Јас мислев дека таму воопшто нема наши луѓе, и јас и сестра ми се соблековме. Во еден момент ми пријдоа некои луѓе од Нови Сад и ме прашаа да се фотографираме – раскажа Милица, додавајќи дека сето ова ја шокирало.
ФОТО: Инстаграм