Режисерот Тони Кеј, најпознат по филмската класика „Американска историја икс“, сака во својот нов филм една од главните улоги да ги толкува робот.
Се работи за проектот „2nd Born“, којшто сѐ уште е во претпродукција. Британскиот режисер, како и продуцентот Сем Козе не сакаат за ликот на роботот да користат вистински актер, шминка и компјутерски ефекти.
Кеј смета дека еден робот може да биде стручно подготвен и „истрениран“ за улогата.
Комедијата „2nd Born“ инаку ќе биде продолжение на годинешниот нискобуџетен „1st Born“ со Вал Килмер, Том Беринџер и Дениз Ричардс.