Најубавиот лет во кариерата, бебе се роди во хеликоптер над Брач

Во хеликоптер од типот „Ми-8 МТВ“ на хрватското Воено воздухопловство за време на итен медицински лет од островот Раб, се роди женско бебе.

112

Во хеликоптер од типот „Ми-8 МТВ“ на хрватското Воено воздухопловство за време на итен медицински лет од островот Раб, се роди женско бебе.

Мајката го родила девојчето пред слетувањето на хелиодромот Делта во Ријека, а во моментот на породувањето присуствувал екипаж на Ескадрилата на транспортни хеликоптери на 91. Воздухопловна база, соопшти хрватското Министерство за одбрана.

Мајката и девојчето се во добра состојба, благодарение на подготвеноста и присебноста на медицинскиот тим.

– Ова беше најубавиот лет во мојата кариера – изјави пилотот на транспортниот хеликоптер.

ФОТО: Јутјуб

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...