„Аутостраде пер Л’ Италија“: Ги исполнивме обврските од концесијата за надвозникот во Џенова

Италијанската влада претходно денеска започна постапка за одземање на концесијата на таа компанија, која е дел од инфраструктурната група Атлантија.

306

Италијанската компанија „Аутостраде пер Л’ Италија“, оператор на надвозникот во близина на Џенова, при чие уривање загинаа 39 лица, денеска изрази уверување дека ќе докаже оти ги исполнила обврските од договорот за концесија за работа на тој мост.

Италијанската влада претходно денеска започна постапка за одземање на концесијата на таа компанија, која е дел од инфраструктурната група Атлантија.

Владата во Рим, исто така, повика на оставка на највисокото раководство на компанијата и најави дека ќе побара изрекување на високи казни.

„Во врска со плановите за одземање на концесијата, компанијата Аутостраде пер Л’ Италија изразува уверување дека ќе биде во можност да докаже оти секогаш коректно ги исполнувала своите обврски како носител на концесијат“, се вели во соопштението на компанијата.

Компанијата тврди дека назиото уверување се базира на мониторингот и активностите за одржување, кои се спроведуваат во согласност со најдобрите меѓународни стандарди.

„Во оваа фаза, тоа не е можно да се обезбеди ниту едно сигурно образложение за причините за падот“, се додава во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...