Полскиот претседател ги повика САД да основаат база во земјата

Претседателот Дуда рече дека би сакал, ако економската ситуација на земјата дозволи, трошоците за одбраната да се зголемат на 2,5 отсто од БДП.

95

Полскиот претседател Андреј Дуда за време на денешната прослава по повод Денот на Армијата на Полска изрази надеж дека САД ќе воспостават постојано воено присуство во неговата земја.

– Полска се плаши од новите манифестации на руска агресивност во Источна Европа – рече перетседателот Дуда за време на денешната прослава, додавајќи дека континуираното присуство на американските сили „ќе го исплаши секој потенцијален напаѓач”.

Армијата на САД распоредува војници во Полска и другите земји од источниот блок на НАТО, дејствувајќи самостојно и како дел од Алијансата.

Претседателот Дуда рече дека би сакал, ако економската ситуација на земјата дозволи, трошоците за одбраната да се зголемат на 2,5 отсто од БДП. Целта на НАТО е два проценти од БДП, а Варшава тоа веќе го постигна.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...