Околу 300.000 сириски бегалци се вратија дома

Најинтензивен е процесот на враќање на бегалците на либанско-сириската граница, бидејќи само во текот на минатиот месец повеќе од 6.500 Сиријци се вратија од Либан во своите домови.

122

Околу 300.000 бегалци кои ја напуштија Сирија за време на војната, се вратиле од странство во својата земја, изјави генерал-полковник Михаил Мизинцев од Центарот за национална одбрана на Русија.

– Повеќе од 1,2 милиони внатрешно раселени лица се вратија во своите домови во Сирија во изминативе две и пол години, при што од странство се вратиле 300.000 бегалци- рече Мизинцев на состанокот на Заедничкиот координативен центар формиран од страна на руското Министерство за одбрана и надворешни работи за олеснување на враќањето на бегалците во Сирија.

Според Мизинцев, најинтензивниот процес на враќање на бегалците е на либанско-сириската граница, бидејќи само во текот на минатиот месец повеќе од 6.500 Сиријци се вратија од Либан во своите домови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...