Дигиталната технологија го репрограмира мозокот на децата

Социјалните мрежи и технологии имаат негативно влијание врз менталната и емоционална зрелост на децата, предупредува неврологот Сузан Гринфилд

150

Социјалните мрежи и видео игрите доведуваат до тоа децата да не умеат меѓусебно да разговараат ниту пак да мислат со своја глава затоа што постојано бараат нешто да им го одвлекува вниманието.

Неврологот др.Сузан Гринфилд истакнува дека социјалните мрежи ги спречуваат децата да научат да размислуваат сами, заради што ментално остануваат на ниво на тригодишници.

„Мислам дека генерациите кои се изложени на тоа ќе останат на ниво на тригодишници: емоционално, по прашањето на преземање ризици, ќе имаат многу лоши социјални вештини, слаб сопствен идентитет и ништо нема да може да им го задржи вниманието“, предупредува таа.

Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...