Мократа Хали Бери во проѕирна маичка ги воодушеви обожавателите (ФОТО)

1116

Актерката Хали Бери наполни 52 години, но со својот изглед таа би можела да им парира на двојно помладите колешки.

Така, Бери неодамна ги воодушевила обожавателите со објава на фотографија на Инстаграм, на која позира целосно мокра, облечена во црни гаќи и бела проѕирна маичка под која „ѕиркале“ нејзините голи гради.

„Мрзлива недела“, порачала Хали, а сексапилната фотографија ги воодушевила нејзините многубројни обожаватели кои не ги штеделе своите комплименти.

Инаку, Хали е слободна откако ја прекина неколкумесечната врска со британскиот музички продуцент Алекс да Кид. По прекинот, таа објавила дека „завршила со љубовта“ и дека ужива во слободата и времето за себе.

Актерката, од врската со канадскиот модел Габриел Обри ја има ќерката Нахла Ариел, а во бракот со колегата Оливиер Мартинез го доби синот Масео Роберт.

Хали Бери зад себе има и тригодишен брак со поранешниот бејзбол играч Дејвид Џастис, а од 2001 до 2005 година беше венчана со текстописецот Ерик Бенет.

Фото: Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...