– Ќе бидеме подготвени кога Канада ќе ја легализира марихуаната. Тоа ќе се случи на 17 октомври 2018 година, додека храната и пијалаците со канабис ќе се легализираат една година подоцна. Ние ќе бидеме подготвени дотогаш и ќе бидеме први на пазарот – вели производителот на пиво Дом Вендшух. Пивото го прават од суви стебла на растението.
– Повеќето производители користат цвет или листови на марихуана, додека остатокот од стеблото го фрлаат, бидејќи нема што да прават со него. Ние може да го добиеме овој материјал бесплатно, бидејќи во спротивно ќе мора да плаќаат некого за да се ослободат од него – вели тој.
За Гардијан, Вендшух открил дека прво имале проблеми со вкусот на пивото.
-Вкусот е „сув“ и помалку сладок од класичните пива и многу брзо „удира“ – додаде тој.