„Црнила ремикс“ премиерно на 1 септември во МКЦ

214

Светската премиера на театарската претстава „Црнила ремикс“ ќе биде дел од годинешното издание на „Здраво млади“ кое ќе се оддржи на 1 септември во МКЦ Скопје.

„Црнила ремикс“ е едно поразлично видување на класичното драмско дело на Коле Чашуле ставено во контекст на урбан хип-хоп албум.
Музичко драмски перформанс со несекојдневен пристап, со специфична актерска изведба, кој низ оригиналните препев и музика на „Зад Аголот“ не носи во еден нов сублимат помеѓу драмата и хип-хоп субкултурата.

Билети за фестивалот Здраво Млади во продажба преку продажната мрежа на МК Тикетс и на Билетарница МКЦ (до 16 август Билетарница МКЦ од 16 до 20 часот) по цена од 600 денари.

На денот на фестивалот цената на билетот ќе изнесува 800 денари.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...