Тинејџерката што си пукаше в лице, доби ново лице (ФОТО)

Кејти Стаблфилд има 21 година и по обидот на самоубиство стана најмладата личност во Америка на која и е направена трансплантација на лицето.

268

Кејти Стаблфилд има 21 година и по обидот на самоубиство стана најмладата личност во Америка на која и е направена трансплантација на лицето. Таа помина долг и тежок пат од три години реконструктивни постапки и повеќе од 15 часа на оперативната маса. Кејти, чие ново лице ќе се најде на насловната на септемврискиот број на магазинот „Нешенл џеографик“, се уште закрепнува од операцијата во мај 2017 година, но тврди дека поради неа добила „втора шанса за живот“.

По тешкото раскинување и низата здравствени проблеми во краток период, Кејти во 2014 година си пукала во лицето во текот на посетата на својот брат во Тенеси, со неговата пушка.

Нејзиниот брат Роберт рекол за „Нешенл џеографик“ дека тогаш својата 18-годишна сестра ја пронашол во крв и „без лице“. Судејќи според извештајот, куршумот ги пробил челото, синусите и вилицата и сериозно, и сериозно и ги оштетил очите. Хирурзите заслужни за спасување на нејзиниот живот во Мемфис се обиделе нејзините рани на лицето да го скријат со пресадување на ткивото од стомакот, но во тоа не успеале. Во клиниката во Кливленд Кејти пристигнала „со изложен мозок“.

Закрепнувањето било тешко, како и нејзиното спасување и борбата за живот.

Доктор Брајан Гатсман, специјалист под чиј надзор била во клиниката, рекол дека куршумот предизвикал и травматска повреда на мозокот, влијаел на нејзините хормони и нивото на натриум, како и на функцијата на фронталниот лобус.

Неговиот тим од 15 специјалисти и помогнал да се создаде назален премин, како и да и се санира лицето, а вилицата ја обликувал со титан. Тие и пружиле можност повторно да го има својот живот, поинаков, но сепак, достоинствен.

Оттогаш во јавноста се појавувала обвиткана со шал или под маска. Кејт била ставена на листата за трансплантација и чекала три години на лицето кое и одговара.

Трансплантацијата на лицето на младата Кејти е 40-та таква интервенција во светот, а трета во клиниката „Кливленд“.

Постапката се смета за експериментална и ја финансира Министерството за одбрана преку Институтот за регенеративна медицина на вооружените сили, пренесува британски „Сан“.

Кејти треба да се подложи на уште неколку операции, а на лекови ќе остане до крајот на својот живот.

ФОТО: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...