Во денешно време ништо не може да нè зачуди, па дури и тоа дека некои купуваат облека само за да се фотографираат и потоа ја враќаат и си ги бараат парите назад.
Ова е многу често во Велика Британија, но се верува дека го прават и мажи и жени од другите држави. Понекогаш луѓето се навистина под притисок да објават нешто ново на Фејсбук или Инстаграм, особено ако се модни блогери, но не секогаш бутиците се заинтересирани да спонзорираат некое парче облека.
Со ваквото однесување тие сакаат да бидат видени во нешто ново, да собираат лајкови, додека пак, продавниците добиваат веќе носени вратени парчиња облека. Најлесно да се направи вакво нешто е купување преку интернет и враќање на робата со објаснување погрешен број или дека не стои онака како што купувачот замислувал.
ФОТО: Инстаграм