Намирниците денеска се помалку хранливи од некогашните

Според анализата на државните институции на Канада, денешен жител на Канада би требало да изеде 8 портокали за да добие иста количина на витамин А, како што неговиот дедо можел да добие само од еден портокал. Исто така, би требало да изеде 5 портокали за да добие иста количина железо којашто порано се добивала од само еден портокал.

107

Овошјето и зеленчукот кои денеска се продаваат во Канада и во САД содржат многу помалку нутриенти отколку што содржеле во 50-тите години, утврдила анализата која ја спровеле The Globe and Mail  и CTV News споредувајќи ги нутритивните таблици на некогашната и сегашната храна.

За да ја направат анализата, истражувачите ги прегледале табелите на нутритивните вредности на намирниците кои ги подготвиле државните институции на Канада во 1951, 1972. и 1999. година и ја споредиле количината на нутриенти во 100 грама од дадена намирница некогаш и сега.
Произлегло дека, на пример, компирот изгубил 100% од својата содржина на витамин А, 57% витамин Ц и железо, и 28% од содржината на калциум. Исто така, изгубил 50% од содржината на рибофлавин и 18% тиамин.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...