Почина рускиот писател Едуард Успенски

80

Рускиот писател и сценарист Едуард Успенски, автор на книгите како „Крокодилот Гена и неговите пријатели” и „Чичко Фјодор, кучето и мачорот”, почина во Москва на 80-годишна возраст, соопшти неговата ќерка Ирина.

Претходно, на Успенски му беше откриена малигна неоплазма. На 9 август писателот паднал во несвест во својот дом во Москва при што веднаш била повикана брза помош.

По текстови и сценарија на Успенски се снимени над 60 анимирани филмови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...