Дачиќ: Тачи е лицемер кој сега ликува

Српскиот министер за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ синоќа ја искоментира изјавата на косовскиот претседател Хашим Тачи за непроменливост на границите на Западен Балкан.

131
ФОТО: EPA/ANDREJ CUKIC
ФОТО: EPA/ANDREJ CUKIC

Српскиот министер за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ синоќа ја искоментира изјавата на косовскиот претседател Хашим Тачи за непроменливост на границите на Западен Балкан.

-Каков лицемер. Прво со оружје, по насилен пат и преку злосторства ги уриваше границите, а сега е за неменување на границите. Кои граници? Кога тоа постоеше граница меѓу Србија и Косово? – праша Дачиќ, коментирајќи го за ТАНЈУГ твитот Тачи, со кој тој го поздравува ставот на германската канцеларка Ангела Меркел за немеливост на границите на Западен Балкан.

Дачиќ додадед дека и тој е „за непроменливоста на границите преку насилен пат…Најпрво ги уништивте границите на Србија, а сега се сетивте дека нема повеќе промена на границите“.

Истакнувајќи дека Косово не е меѓународно призната држава, Дачиќ додаде дека „не му вреди на Тачи што ја повикува Меркел да изврши притисок врз пет земји членки на ЕУ, кои не го признале Косово”.

– Процесот на повлекување на признавањето ќе продолжи. Оној кој го признал Косово, нема право да зборува за непроменливоста на границите. Не сум изненаден што Тачи го прави тоа, зачудувачки е тоа што Ѓилас, Јеремиќ, Обрадовиќ, Чеда Јовановиќ и други се уште не испратија знаци на благодарност, бидејќи заклучија дека Меркел е против идејата на Вучиќ и со должна скромност и мојата идеја. Повиците за државен удар и омразата кон Вучиќ, ,забрзано преоѓаат кон омраза и на српските државни интереси – заклучи Дачиќ.

ФОТО: EPA-ANDREJ-CUKIC

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...