Преку „младинска гаранција“ вработени 518 невработени

Во досегашниот период на имплементација на младинската гаранција во 3 општини, почнувајќи од Март, 2018, остварени се следните резултати: Вкупен број на вклучени млади: 1.770, од нив 855 женски и 915 машки.

290

На денешната седница Владата го разгледа извештајот за текот на имплементација на Планот за гаранција за млади – пилот фаза за 2018 година.

Во досегашниот период на имплементација на младинската гаранција во 3 општини, почнувајќи од Март, 2018, остварени се следните резултати: Вкупен број на вклучени млади: 1.770, од нив 855 женски и 915 машки.

Од нив веќе се вработени 518, а останатите се вклучени во други мерки како практиканство, обука на работно место, обуки за побарувани занимања на пазарот на труд, обуки за напредни ИТ вештини.

Република Македонија е единствената земја во регионот, која не е членка на Европската Унија, а започна со имплементирање на програмата „Гаранција за млади“, како мерка за зголемување на вработливоста на младите луѓе; Во земјите членки на ЕУ оваа програма успешно се имплементира од 2012 година. Партнер во имплементацијата е Националниот младински совет.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...