Влада: Почнува постапката за избор на универзален снабдувач на електрична енергија

Канцеларијата на претседателот на Владата, Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања и Министерството за економија треба да предложат по еден член и заменик-член во Комисијата за спроведување на постапката за избор на универзален снабдувач, а во рок од три дена по еден член и негов заменик треба да номминираат и Регулаторната комисија за енергетика и МАНУ.

226

Владата ја почнува постапката за избор на универзален снабдувач со електрична енергија. Одлуката е донесена на денешната владина седница, а надлежните министерства се задолжени да номинираат членови во Комисијата за спроведување на постапката.

Канцеларијата на претседателот на Владата, Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања и Министерството за економија треба да предложат по еден член и заменик-член во Комисијата за спроведување на постапката за избор на универзален снабдувач, а во рок од три дена по еден член и негов заменик треба да номминираат и Регулаторната комисија за енергетика и МАНУ.

Комисијата е должна во рок од 14 дена до Владата да го достави јавниот повик и тендерската документација.

– Заради остварувањето на правото на сите домаќинства и мали потрошувачи да се снабдуваат со електрична енергија со утврден квалитет по разумни, јасно споредливи, транспарентни и недискриминаторни цени, Владата на Република Македонија избира универзален снабдувач кој истовремено ќе ја врши и дејноста снабдување во краен случај. Целта на оваа постапка е остварувањето на правото на домаќинствата и малите потрошувачи на универзална услуга во снабдувањето со електрична енергија, односно да бидат снабдувани од универзалниот снабдувач во согласност со обврските утврдени со Законот за енергетика и правилата за снабдување – појаснуваат од Владата.

Универзалниот снабдувач ќе биде задолжен да ги снабдува по гарантирана цена потрошувачите што нема да излезат на слободниот пазар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...