„Економист“: Виена најдобар град за живот

Виена првпат го симна Мелбурн од врвот на листата на светски градови најдобри за живот, покажа истражувањето на „Економист интелиџенс јунит“

133

„Економист“ објави листа на 10 градови, кои се најдобри за живот и 10 во кои не е ниту малку пријатно и сигурно да се живее.

Виена првпат го симна Мелбурн од врвот на листата на светски градови најдобри за живот, покажа истражувањето на „Економист интелиџенс јунит“

Виена и Мелбурн секоја година во истражувањето на „Економист“ беа во мртва трка за титулата најдобар град за живеење, но австралискиот град секогаш беше за малку подобар.

Оваа година Виена е на врвот, благодарение на намалената закана од терористички напади во Западна Европа и ниската стапка на криминал.

Виена, по квалитетот на животот, редовно е на првото место на листата што секоја година ја составува консултантската фирма Мерсер. Откако сега ја освои и листата на „Економист“, повеќе нема сомневање дека во австрискиот главен град е најдобро да се живее.

Дамаск е на последното место, блиску до него му е Дака, главен град на Бангладеш и Лагос, најголемиот град во Нигерија. Истражувањето не вклучува неколку најопасни градови во светот, како што се Багдад и Кабул.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...