Владата ја усвои субвенцијата од два денара за откупувачите и трговците со сливи

124

Два денара субвенција за килограм ќе добијат регистрираните откупувачи и трговците кои до 15 септември годинава ќе откупат индустриски сливи за најмалку пет денари или свежи сливи по минимум осум денари.

Како што соопшти денеска на прес-конференција министерот за земјоделство Љупчо Николовски, со оваа мерка донесена во договор со производителите, преработувачите и откупувачите, ќе се стабилизира и реши проблемот со откупот.

– Оваа нова мерка ќе го поттикне договорениот откуп на произведената слива од родот 2018-та и ќе ја подобри конкурентноста на домашната преработувачка индустрија. Одлуката стапува на сила со објавување во Службен весник – рече Николовски.

МЗШВ и во следниот период ќе го следи откупот на сливи за да се избегнат непријатности и да се реагира навреме.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...