Виена е најдобар град за живот

Ова е првпат европски град да биде на врвот на оваа листа, со што е „соборен“ досегашниот лидер, австралиски Мелбурн.

121

Главниот град на Австрија, Виена, е најдобар за живот, покажа анализата на „Економист интелиџенс јунит“ (дел од групацијата Економист), пренесе Би-би-си.

Ова е првпат европски град да биде на врвот на оваа листа, со што е „соборен“ досегашниот лидер, австралиски Мелбурн.

Според годишниот извештај на истражувачките служби на „Економист“, меѓу првите десет градови најпогодни за живот, покрај Виена и Мелбурн, се и Осака, Калгари, Сиднеј, Ванкувер, Токио, Торонто, Копенхаген и Аделаид.

Фактори што влијаеле врз рангирањето на вкупно 140 града, меѓу другото се и политичката и социјална стабилност, безбедноста, здравствената заштита и образованието.

Според „Економист“, пак, најнепогоден град за живот е од војна разорениот Дамаск во Сирија. Меѓу десетте најлоши градови за живот се и Дака, Лагос, Карачи, Порт Моресбај, Хараре, Триполи, Дуала, Алжир и Дакар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...