Првата гола сцена на Мерлин Монро се случила во филмот „Неприлагодени“ (The Misfits), кој го осмислил нејзиниот тогашен сопруг, американскиот книжевник и писател, Артур Милер.
Иако таа сцена била исфрлена, сега протекоа фотографиите кои докажуваат дека Мерлин била првата американска актерка која се соблекла гола во филм. Се мислело дека снимката е уништена, но, всушност, била чувана во тајна преграда.
Кога Мерлин го снимала филмот „Неприлагодени“ со Кларк Гејбл, снимила разголена сцена која била исфрлена од филмот снимен во 1961 година. Долго се мислело дека снимката е уништена, но, авторот на биографиајата на Монро открил дека е сочувана.
Кога писателот Чарлс Касиљо го спроведувал истражувањето за својата книга „Мерлин Монро: Приватниот живот на јавната икона“ (Marilyn Monroe: The Private Life of a Public Icon), открил дека продуцентот на филмот Френк Тејлор ја сочувал таа снимка, иако повеќето неискористени снимки се уништени. Синот на Тејлор, Куртис, му рекол на Касиљо дека снимката на разголените сцени била чувана во заклучената фиока се до смртта на неговиот татко во 1999 година.
Во љубовната сцена помеѓу најславната русокоса на сите времиња и Кларк Гејбл, Мерлин седела на креветот со гол грб и задник, свртена кон камерата. Била сосема гола, а напред била покриена со чаршав.
Интересно е тоа дека сценариото за тој филм го напишал токму нејзиниот тогашен сопруг Артур Милер. Но, режисерот Џон Хјустон одлучил да ја исфрли таа сцена, сметајќи дека не е важна за дејствието на филмот.
Доколку нештата не се одвивале така, Мерлин би била првата американска актерка која се соблекла на филм.
Снимката сега е во сопственост на синот на продуцентот, но не е познато што тој со неа ќе направи, пишува „Дејли мејл“. Фотографиите од снимањето ќе бидат сврстени во биографијата на Мерлин.