Како Барак и Мишел по заминувањето од Белата куќа станаа вистински богаташи

Од своето претседателствување 57-годишниот Барак заработувал околу 600.000 долари годишно, а голем извор на приходи била и книгата што ја објавил.

376

Во текот на осумте години претседателски мандат Барак Обама имал фиксна плата, но дури со заминувањето од позицијата најмоќен човек на светот почнал да таложи богатство.

Овој сестран политичар денес заработува држејќи јавни и мотивациски говори, потоа од пишувањето на мемоарите, а од неодамна и благодарение на профитабилните филмски договори.

Милионска заработувачка

Брачната двојка Барак и Мишел Обама потпишаа договор со продукциската куќа „Нетфликс“, која ќе снима различни серијали (играни и документарни) кои ќе се занимаваат со темите и проблемите со кои тие се занимавале во текот на неговиот осумгодишен мандат во Белата куќа, како и со нивниот живот по заминувањето од власта.

Според листата на најбогатите и највлијателните луѓе на светот на магазинот „Форбс“, состојбата на Барак Обама изнесува околу 40 милиони долари. Тоа, според податоците на „Форбс“, е речиси 30 милиони повеќе од кога во 2005 година влезе во политиката.

Од своето претседателствување 57-годишниот Барак заработувал околу 600.000 долари годишно, а голем извор на приходи била и книгата што ја објавил. Се претпоставува дека во периодот од 2005. до 2016 година Обама заработил преку 15 милиони долари само на своите авторски трудови.

Договор вреден 60 милиони долари
Меѓутоа, неговата писателска кариера се уште не е готова. Барак заедно со сопругата Мишел лани потпишаа договори со издавачите вредни околу 60 милиони долари, што значи дека наредните години нивното богатство само ќе се зголемува.

Покрај тоа, тука се и многубројните јавни говори кои поранешниот претседател, но и неговата сопруга со задоволство ги држат. Секој таков договор се наплатува и до 400.000 долари, а од заминувањето на Обама од претседателската фотеља, па се до денес ги има многу.

Славната брачна двојка е свесна дека заработувачката не доаѓа сама и дека богатството може да се одржи само со континуирано вложување. Затоа Мишел и Барак одлучиле да инвестираат и во недвижности. Во текот на престојот во Белата куќа во сопственост имале и вила во Вашингтон, која ја изнајмувале.

Вилата, според податоците на американските медиуми, била втора најскапа недвижност во Вашингтон. По завршувањето на вториот мандат, Барак Обама и неговото семејство се преселиле во таа ќука. Освен тоа, тие поседуваат и семејна куќа во Чикаго која вреди 2,5 милиони долари.

Штеди за школување на ќерките

Дека навистина размислува долгорочно поранешниот американски претседател докажал кога отворил фондови за штедење за своите ќерки Малија и Саша, со кои планира да им го плати школувањето. Од тоа, минатата есен одвоил пари, кога постарата ќерка Малија се запишала на Харвард.

Откако во јануари 2017 година се прости од претседателската фотеља, Барак Обама живее многу полагоден живот отколку за време на извршувањето на функцијата. Поради тоа, се почесто може да се види на патувања ширум светот, на луксузни дестинации со сопругата и ќерките.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...