Руски научници сметаат дека неандерталците имале „чувство за стил”, а тие свои тврдења ги темелат на неодамне пронајдениот обликуван кристал којшто, се чини, немале друга намена во пештерата Чагирскаја на Алтајските Планини.
– Пронајдовме мало парче кристален камен во пештерата. Јасно е дека е донесен однадвор. Нема никакви траги од употреба, но е скршен од некој поголем дел намерно. Неандерталците тука внеле доста убав кристал, но никогаш не го искористиле, изјави професорката од Руската академија на науки, Ксенија Колобова.
Таа оцени дека тоа можеби укажува на повисоки умствени способности кај овие наши предци, оти „тие виделе убав предмет и го однеле дома”.
– Тие навистина имале чувство за убавина – додава професорката.