Обилниот дожд кој во текот на ноќта врнеше во централна и источна Пенсилванија ги затвори патиштата и поплави куќи.
Голем број патишта од Вилијамспорт до предградието на Филаделфија се затворени. Поради поплавите граѓаните се евакуираат со гумени чамци.
Во спасувањето и евакуацијата помагаат и хеликоптери, помагајќи им на луѓето заглавени на покривите на своите куќи.
Метеоролошката служба на САД издаде предупредување од нови поплави и ги предупреди граѓаните да не возат низ поплавените подрачја.