Турција презема мерки за ублажување на падот на лирата

Ублажувањето на ограничувањето на резервите ќе ослободи дури 10 милијарди лири, шест милијарди долари и три милијарди долари во злато, соопшти централната банка.

343

Турската Централна банка најави дека ќе ги преземе сите потребни мерки за поддршка на лирата и за обезбедување ликвидност на банките.

Денеска лирата потона за нови 11 отсто на берзите во Азија. Во некои моменти 1 долар вредел преку 7 лири.

Банка за да ја одбрани лирата го намали нивото на резерви на комерцијалните банки и ги олабави прописите кои го регулираат начинот на кој управуваат со својата ликвидност во лири и странски валути, пишува њујоршката агенција „Блумберг“.

„Ублажувањето на ограничувањето на резервите ќе ослободи дури 10 милијарди лири, шест милијарди долари и три милијарди долари во злато“, соопшти централната банка.

Пред најавата од Централната банка лирата беше падната за 9 отсот, а потоа дојде на пад од 6 отсто.

Работите се влошија во петокот, кога претседателот на САД, Доналд Трамп, го одобри удвојувањето на царините за челикот и алуминиумот увезен од Турција.

На тоа претходеше одбивањето на Турција да се пушти на слобода американски пастор кој е во притвор во Турција речиси две години.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...