Рускиот „Телеграм“ стана „омилена“ апликација на криминалците

Преку оваа апликација беа координирани и терористичките напади во Париз.

245

Апликацијата за телефонски повици „Телеграм“ стана главниот канал преку кој холандските криминални групи ги договараат своите активности, тврди холандскиот весник АД.

Весникот наведува дека холандските криминални груп преку апликацијата „Телеграм“ прават зделки со кокаин, екстази, огнено оружје и автоматски пушки.

Во апликацијата “Телеграм“, која е руска верзија на “Вибер“ и “Ватсап“, пораките се енкриптирани и компанијата не споделува никакви информации со истражните органи, така што им дава чувство на безбедност на криминалните групи, оценува весникот.

Преку оваа апликација беа координирани и терористичките напади во Париз,а според француските разузнавачки служби, таа е и „главната мрежа што ја користат терористите“.

Во 2016 година компанијата „Телеграм“ нудеше 300.000 евра на секој кој би успеал да ги декриптира пораките на апликацијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...