Филмот „Јавачи на коњи“ награден во Америка

60

Филмот „Јавачи на коњи“, социјална драма по сценарио на Никола Кузелов и во режија на Марјан Гавриловски, доби награда за најдобар филм на филмскиот фестивал „Fam Fest International 2018“ во Северна Каролина, САД.

Како победник на фестивалот, македонскиот филм е автоматски селектиран и влегува во трка на „World Film Fair“ во Њујорк оваа година. Покрај наградата за најдобар филм, „Јавачи на коњи“ на „Fam Fest“ се пласираше и како полуфиналист на „Los Angeles Cinefest“.

„Јавачи на коњи“ е македонски независен филм кој премиерно беше прикажан минатата година. Досега филмот учествуваше на 20 фестивали во Европа и светот, меѓу кои во Шпанија, Шведска, Италија, Јужна Африка..

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...