Во експлозија во Сирија загинаа најмалку 18 луѓе

53

При експлозија во северниот дел на Сирија загинаа најмалку 18 луѓе, а голем број се повредени, соопштија сириски опозициски активисти. Засега не е позната причината за експлозијата.

Опозициската Сириска цивилна заштита, позната како „бели шлемови“, истакна дека експлозијата се случила денеска во селото Сармада, во близина на турската граница, а во неа „се убиени и повредени повеќе од десет луѓе“. Во инцидентот е уништена петтокатна зграда и голем број од жртвите се наоѓаат под урнатините.

Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, со седиште во Лондон, соопшти дека загинале 18 лица, но не е потврдено дали жртвите се цивили.

Центарот наведува дека експлодирал магацин за оружје во подрум на една зграда.

Во меѓувреме, сириските безбедносни сили се борат против бунтовниците во покраината Идлиб.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...