На јубилејните 25-ти „Охридски трубадури“, убави стихови за распеани рефрени

221

Подготовките за 25-тиот јубилен интернационален музички фестивал „Охридски трубадури’’ кој ќе се одржи на 6, 7 и 8 септември се при крај. Проектот за сцената е готов и тој веќе се реализира.

Големата бина, широка 16 метри, ќе биде поставена на кејот од Охридското езеро во самиот центар на градот.

Песните веќе се снимени, а дефиниран е и списокот на странските пејачи кои ќе учестуваат на овој голем балкански музички спектакл: Ален Исламовиќ (БиХ), Карлос (Бугарија), Жак Худек, Владо Калембер и групата „Колонија’’ (Хрватска), Елизабет Христоу (Грција), групата „Балканика’’, Марко Кон, Мерима Његомир и Нада Обриќ (Србија).

Голема конкуренција за наградите ќе има и меѓу авторите и пејачите кои учествуваат на Фолк вечерта.

Според оценката на уметничкиот директор Цане Петров, годинашната Фолк вечер ќе понуди голем број на новосоздадени песни во духот на македонскиот мелос, песни кои ќе се пеат уште долго време.

Ќе слушнете убави стихови за распеани рефрени!

Љубителите на музиката ќе имаат можност да слушнат 22 песни кои ќе ги исполнат Петар Нечоски, Милован Секулоски, Благица Павловска, Кате и „Нели ти реков’’, Мерима Његомир, групите „Молика оне’’, „Соната’’, ’„Скопски боеми’’“, Ѓорѓи Дичоски, Сашо Николовски, Серафина Фантаузо, Зоран Христов, Дејан Добревски, Методија Столески, Руса и Раде, Мирко Вретоски, Нино Величковски, Сандра Милковска и Кумановски трубадури, а своја шоу програма (додека траат гласањата на жиријата) ќе има Нада Обриќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...