Предозирање
Ќерката на актерката открила дека мајка ѝ извршила самоубиство. Земала преголема доза лекови за смирување, која ја залила со алкохол.
Актерката Марго Кидер, најпозната по улогата на Луис Лејн во филмовите на „Супермен“ од 70-тите и 80-тите години, е пронајдена мртва на средината на мај. Актерката починала на 69-годишна возраст. Несреќната актерка доживеала нервниот слом во 1996 година.
Како што пишува „Гардијан“, Кидер починала во својот дом во градот Ливингстон, во сојузната држава Монтана. Причината за смртта, тогаш кога била објавена тажната вест, не била позната. Било наведено дека актерката починала во сон, мирно.
Самоубиство
Меѓутоа, сега ќерката на актерката открила дека мајка ѝ извршила самоубиство. Таа умрела од предозирање со дрога и со алкохол.
„Тајм“ пренесува дека тоа сознание на целото семејство сепак му донело своевидно олеснување, како и дека не сакале нејзината смрт да остане тајна, туку вистината да се сподели со целиот свет.
– Таа се самоуби. Земала преголема доза лекови за смирување, која ја залила со алкохол. Водеше некоја своја битка. Не би требало да се стигматизираат луѓето што ќе одлучат да заминат од овој свет – соопштило семејството.
Нејзината ќерка Меги Мекгејн изјавила за американските медиуми дека почувствувала „големо олеснување што ја дознала вистината“.
– Важно е да се биде отворен и искрен за да не ве следи облак на срамот. Важно е да се разговара за менталното здравје и да се побара помош ако ви е потребна – објаснила таа и додала дека нејзината мајка имала проблеми уште од 1990 година кога доживеала сообраќајна незгода, поради која две години била во инвалидска количка. Несреќната актерка доживеала нервен слом во 1996 година, по што почнала нејзината битка со зависноста.
Супермен ѝ донесе слава
Кидер се прослави со улогите на храбрата новинарка Луис Лејн во „Супермен“, снимен во 1978 година со Кристофер Рив. Потоа сними уште две продолженија – „Супермен 2“ во 1980 и „Супермен 3“ во 1993 година. Подоцна добиваше помали филмски улоги, во 2011 година заврши накратко и во затвор, добитник е на наградата „Еми“ за глума во детска серија од 2015 година…
Се мажела трипати, а во 1979 година била во брак само шест дена.
Бездомничка
Иако во 80-тите година беше голема ѕвезда, Марго немала лесен живот. Со години се борела со биполарно нарушување, за што често зборуваше во медиумите, а во еден момент болеста толку многу земала замав, така што по нервниот слом завршила на улица како бездомничка и исчезнала, па со денови никој не знаел каде се наоѓа, сè додека не ја пронашол сопственикот на куќата во Лос Анџелес во чиј двор спиела. Потоа била сместена под постојан надзор во психијатриска установа.
Инаку, Монтана како држава има највисока стапка на самоубиства во САД.