Кумуцакос: Што е можно побргу да се излекува раната во грчко – руските односи

Повредата во грчко - руските односи е неопходно да се излекува колку е можно побргу со добро проучени, трезвени, а не со импулсивни постапки, изјави Јоргос Кумуцакос.

241

Повредата во грчко – руските односи е неопходно да се излекува колку е можно побргу со добро проучени, трезвени, а не со импулсивни постапки, изјави Јоргос Кумуцакос, одговорниот за надворешна политика во опозициската Нова демократија во изјавата за последните случувања на релација Атина – Москва, јави дописничката на МИА од Атина.

– Одржувањето пријателски и продуктивни односи со Русија е безвремен избор на грчката надворешна политика. Исто така се подразбира и принципот, секоја земја да го почитува суверенитетот на другата и да избегнува какво било мешање во нејзините внатрешни случаи. Од оваа гледна точка, со голема загриженост ги набљудуваме негативните случувања во изминатиот временски период што стигнаа и до неприфатливото споменување на рускиот премиер на „Турска Република Северен Кипар“, посочи Кумуцакос.

Тој побара од грчката Влада, колку е можно побргу целосно да го извести Парламентот за грчко – руските односи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...