Воениот буџет на Кина зголемен на 173 милијарди долари

136

Кинеското Министерство за финансии денеска соопшти дека оваа година воениот буџет е зголемен за шест проценти и изнесува 173 милијарди долари.

Овогодишниот буџет е поголем во однос на минатогодишниот за околу 10 милијарди долари, со што воениот буџет на Кина стана втор по големина буџет во светот, веднаш по воениот буџет на САД.

Заменик – министерот за надворешни работи на Кина Џанг Јесуи изјави дека „умерениот“ пораст на потрошувачката за обрана на Кина во последните неколку години има за цел да ги надомести пропустите од минатото, а кинеската армија нема да се заканува никому.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...