Дачиќ: Го подржувам Вучиќ за разграничувањето, тоа е единствено можно решение

82
ФОТО: EPA/ANDREJ CUKIC
ФОТО: EPA/ANDREJ CUKIC

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека го подржува залагањето на претседателот Александар Вучиќ за разграничување на Косово и смета дека тоа е единственото можно решение.

„Јас за тоа се залагам веќе десетина години и мислам дека тоа е единственото можно и брзо решение кое во овој момент го решава актуелни проблем„ изјави Дачиќ за ТВ Прва.

Како што наведе, уште е рано да се говори дали ќе дојде до ова решение или не.

Коментирајќи го ставот на САД, Дачиќ кажа дека се променила позицијата на Америка, бидејќи порано САД сметале да прашањето на Косово е решено и да неможе повеќе да се отвара оваа тема.

„Со доаќањето на новата администрација, се промени позицијата во смисол дека се отворени да ги согледаат сите предлози за кративни и флексибилни решенија. Тоа е она што ние го баравме“ изјави Дачиќ.

Тој додаде дека „САД, Русија и Франција се многу расположени да се дојде до компромисно решение.

„ЕУ го модерира дијалогот, а од друга страна Германија е таа која кажува дека не треба да се менуваат границите, но ние кажуваме дека прво се менуваа границите на Србија….Неможете така да ја затворите Пандорината кутија и да кажете дека ништо не се случило и дека неможе понатаму. Состојбата е таква да сите ја гледаат Приштина како нарушувачки фактор кој го одбива компромисот. Нивните изјави се екстремни и не не приближуваат кон трајно решение„-изјави Дачиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...