Џакузи, сауна и фитнес сала во спорната нова зграда на Владата на Боливија

Боливискиот претседател Ево Моралес ја откри вчера спорната нова зграда на Владата во Ла Пас.

146

Боливискиот претседател Ево Моралес ја откри вчера спорната нова зграда на Владата во Ла Пас, јави ДПА.

Зградата која има 29 ката беше силно критикувана поради огромните расходи кои достигнаат 34,4 милијарди долари. Во таа сума се пресметани и луксузниот ентериер во кој има џакузи, сауна и фитнес сала на претседателските спратови.

Моралес наведе дека во поранешната владина зграда биле убиени тројца боливиски претседатели – Мануел Исидоро Белсу во 1855 година, Агустин Моралес во 1872 година и Гуалберто Вилјароел во 1946 година.

Боливијците тврдат дека зградата е несоодветна за центарот на Ла Пас каде зградите датираат од колонијалниот период.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...