Видео игрите во Германија сега ќе можат да ги користат симболите на нацизмот, доколку нивното присуство не е за пропагандни цели, соопшти германско регулаторно тело.
Досега видео игрите, за разлика од филмовите и другите производи од културата, мора да се усогласат со забраната за истакнување на симболите од времето на нацистите.
Во некои видеоигри како „Call of Duty” или „Wolfenstein II: The New Colossus” кукестиот крст беше заменет со триаголници.
Регулаторното тело соопшти дека не планира да ги одобри нацистичките симболи на глобално ниво, туку ќе се изјаснува за секој посебен случај.
– Таквите симболи можат да се употребат ако се во служба на уметноста, науката или историјата, додаде тоа тело.
Германската јавност негодуваше за цензурата во некои видео-игри или игри со променети симболи, вклучувајќи го и бришењето на мустаќите на Адолф Хитлер.