„Еногастрономски пат низ Тиквешијата“ нов туристички проект

Проектот ќе се реализира од втората половина од септември.

145

Министерството за економија го одобри проектот „Еногастрономски пат низ Тиквешијата“, со кој Фондацијата „Тиквешки вински пат“, аплицираше за поддршка преку Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2018 година.

– Во рамките на проектот ќе бидат организирани работилници и обуки и ќе биде изработен промотивен материјал. Ќе се направи и промоција на овој проект на еден од саемите во странство, со поддршка на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот – информираше денеска за МИА, Виолета Јанкова, извршен директор на Фондацијата.

Проектот ќе се реализира од втората половина од септември.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...