Над 500 деца на нелегални мигранти во САД сѐ уште не се се вратени на родителите

Според судски извори, нивниот број се намалил од 672 на 559 во изминатата недела.

40

Повеќе од 500 од 2.500 деца на мигранти, одвоени од нивните родители на границата со Мексико, остануваат под грижа на владата на САД.

Според судски извори, нивниот број се намалил од 672 на 559 во изминатата недела.

Тие се одделени од нивните родители како дел од политиката на претседателот Доналд Трамп за „нулта толеранција” кон илегалната имиграција. Трамп се откажа од таа политика на 20 јуни, поради критиките дома и во странство. Набрзо беше издадена судска наредба за враќање на децата на нивните родители во рок од 30 дена.

Сепак, повторното обединување на семејството не напредува, бидејќи многу од родителите веќе се екстрадирани во Гватемала и Хондурас

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...