Родителите на Меланија Трамп станаа американски државјани

896

Родителите на првата дама на САД, Меланија Трамп, положија заклетва во Њујорк како американски државјани, соопшти нивниот адвокат.

Виктор и Амалија Кнавс, родителите на Меланија, живееле во САД како жители со постојан престој, наведе агенцијата „АП“.

Сопругата на американскиот претседател, чиешто моминско презиме е Кнавс, е родена во 1970 година во Ново Место во Словенија, тогашен дел од СФРЈ, а израснала во Севница, од каде се иселила во нејзините дваесетти години, кога влегла во светот на манекенството.

Нејзиниот татко Виктор (74) се занимавал со продажба на автомобили, а мајка и Амалија (73) работела во текстилна фабрика. Таткото на Меланија е само две години постар од нејзиниот сопруг, Доналд Трамп.

Меланија го запознала Доналд во 1998 година, а една година по бракот со него, во 2006-та година, добила америкианско државјанство.

 

извор: Макфакс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...