И Сузуки, Мазда и Јамаха фалсификувале мерења на издувни гасови

Во повеќето останати јапонски автомобилски компании не е утврдено дека имало нерегуларности.

224

Месец дена по компанијата Нисан, јапонските производители на автомобили Сузуки, Мазда и Јамаха Мотор признаа дека ги фалсификувале резултатите од мерењето издувни гасови на некои возила, соопшти јапонското Министерство за сообраќај.

Интерната истрага во фабриките на 23 произведувачи на автомобили и мотори во Јапонија е покрената на барање на властите.

Сузуки соопшти дека се фалсификувани резултатите кај 6.401 возила, што е околу половина од вкупно тестираните автомобили во таа фабрика.

Во погоните на Мазда и Јамаха Мотор отстапувањата на фалсификување биле помали.

Во Мазда биле утврдени нерегуларности кај 3,8 отсто тестирани возила, а во Јамаха Мотор кај 2,1 отсто.

Нисан, партнер на францускиот Рено и јапонскиот Мицубиши, на почетокот на јули призна дека спровел погрешни мерења на емисиите на издувни гасови и тестови на економичноста на потрошувачка на гориво на некои свои возила.

Во повеќето останати јапонски автомобилски компании не е утврдено дека имало нерегуларности.

Министерството за сообраќај по повод резултатите од истрагата соопшти дека „ако биде потребно ќе преземе строги мерки

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...