Холивудскиот актер Бред Пит го демантираше обвинувањето на својата поранешна сопруга Анџелина Џоли дека не плаќал алиментација.
Откако Џоли го обвини Пит дека тој не ја плаќал договорената алиментација, се огасадија адвокатите на актерот кои тврдат дека тој веќе исплатил повеќе од 9 милиони долари на актерката и дека таа од тие пари купила нова куќа и ги платила заостанатите сметки.
Од тимот на Бред Пит навеле и дека Анџелина намерно прави драма и дека се служи со валкани трикови. Адвокатите, во документ што го предале на судот, навеле дека Пит и позајмил на Џоли 8 милиони долари да купи вила, а дека за алиментација до сега дал 1,3 милиони долари.
Во документите стоело и дека тврдењата на Џоли биле „прикриен обид за манипулација со јавноста“, пренесе британски „Телеграф“.
Анџелина Џоли (43) претходно изнела пред судот шокантни обвиненија потпомогнати со документација против поранешниот сопруг Бред Пит (54). Актерката тврдела дека Бред не плаќал алиментација за нивните шест деца и тоа веќе година и пол.