Пазарџиите стануваат осигуреници на Пензискиот фонд

Придонесите ќе ги плаќаат по тарифата за земјоделец поединец, односно за пензиско осигурување ќе плаќаатт по 1.500 денари.

190
20150619 Friday 1127 pazar penzioneri vtornik petok sabota nedela

Пазарџиите кои што продаваат на тезги на зелените пазари и се запишани во регистарот на Комората на трговци ќе станат осигуреници во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Ова го предвидува Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување кој веќе е постравен на Националниот електронски систем на прописи (ЕНЕР).

Со ова, вели предлагачот на измените, Министерството за труд и социјлана политика, се врши усогласување со Законот за трговија на зелени пазари донесен на почеток на годината.

„Имено, во овој закон се содржани одредби кои се однесуваат на прием во задолжително социјално осигурување на „трговец на зелени пазари“ и тоа опфаќа невработено физичко лице што врши трговија на мало на тезги и пазари, физички лица кои се занимаваат со земјоделска дејност, трговци поединци“, се појаснува во предлогот.

Законот за трговија на зелените пазари кој беше донесен во јануари предвидува тезгаџиите да плаќаат придонесите за пензиско и здравствено осигурување.

Придонесите ќе ги плаќаат по тарифата за земјоделец поединец, односно 20 отсто од просечната плата во претходната година. според пресметките тие за пензиско осигурување ќе плаќаат по 1.500 денари, наместо 5.000 денари колку што се придонесите за најниска плата, додека за здравствено осигурување ќе плаќаат 540 денари.

За да работат на тезгите на зелените пазари, секој од нив ќе треба да има лиценца која ќе им ја издава Комората на трговци.

Лиценцата ќе ги чини околу 60 евра и ќе се обновува еднаш годишно и ќе почне да се вади на крајот на годинава бидејќи веќе од наредната тие без лиценца ќе нема да можат да продаваат на зелените пазари.

Според Законот за трговија на зелените пазари, на пазарите нема да се издаваат фискални сметки се до влез на нашата земја во ЕУ, а пазарџиите наместо да талкаат низ Централен регистер за регистрација на фирма, ќе работат со лиценци издадени од Комората на трговци.

Со ова се става ред и во оваа област која со години не беше регулирана.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...